Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 537 пациенти позитивни и суспектни на коронaвирусот
Вкупно 911 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава. Во ковид-центрите засега има околу 400 празни болнички кревети.
Како што соопшти Министерството за здравство, во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците во внатрешноста на земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 537 пациенти позитивни и суспектни на коронaвирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип 53 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 83 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 72, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 58 пациент, во Кочани 17, во Кичево 11, Кавадарци 27, во Гевгелија 12 и сто толку во Дебар.
Во изминатите 24 часа, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники, по еден пациент е хоспитализиран на клиниките за очни болести, за кожни болести и за неврологија. Двајца болни се примени на ТБЦ и уште двајца на Клиниката за нефролигија.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти, исти колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени осум оздравени пациенти.
Од Министерството за здравство потсетуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Сите одделенија на клиничките болници, како што истакнуваат, располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.