Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, е 1 314 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.
Според извештаите од болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, во болницата во Штип 57 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 лица, а додека во Куманово има 119 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид-центарот во Гостивар 59, а во Струга 29 пациенти. Во болницата во Струмица има 81 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 13 лица позитивни на коронавирусот.
Сепак, овие бројки не се конечни и се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.