Вкупно 140 пациенти потврдени и сомнителни на ковид-19 се лекуваат низ болниците во земјава, од нив 57 се во Скопје, а 83 во другите градови низ земјава.
Според податоците на Министерството за здравство, во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализирани се три лица со ковид.
„Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 88 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка“,
велат од Министерството за здравство.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 9 пациенти, а на инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти. Во Велес се лекуваат 9, во Куманово 19 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, а во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 11 пациенти.
Во Прилеп хоспитализирани се 6, во Гостивар 3, во Струга 4 болни, во Струмица 6, а во Кичево 2 пациенти. Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.
„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите.
велат од Министерството.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти“,