Вкупно 697 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од овие пациенти се на кислородна поддршка
Вкупно 1 667 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели и во болниците во земјава, при што во ковид-центрите има околу 360 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 64 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 697 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од овие пациенти се на кислородна поддршка.
Во ковид-центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти, а еден бил примен на Инфективната клиника, во Козле биле примени пет нови болни, а осум пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени четири пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 53 оздравени пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти, во Штип се хоспитализирани 93 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 96, а во Куманово 100 пациенти, во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 107 во ковид-центарот во Гостивар 45, а во Струга 21 болен, во болницата во Струмица хоспитализирани се 93 пациенти, во Кочани 23, во Кичево 31, Кавадарци 64, а во Гевгелија 24 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.