Проценките се дека кокаинот на црниот пазар вреди 10 милиони евра, разбиена е голема криминална група и уапсени се повеќе македонски и грчки државјани
Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин е запленет од страна на македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА, јави државната агенција МИА.
Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.
Според првичните информации, разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.
Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат за утре, односно по целосното завршување.