Се работи за 11-годишно момче, кое дошло од Молдавија и се наоѓа во карантин. Се вели дека оваа подваријанта на исклучително заразниот сој на коронавирусот е помалку ризична
Израел објави дека е потврден случај на подваријанта на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави Министерството за здравство.
Како што е наведено, варијантата A2 4.2 е идентификувана во Израел кај 11-годишно момче, кое пристигнало од Европа.
Детето било тестирано на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив по враќањето од Молдавија и е ставено во карантин, но другите контакти не се откриваат.
Подваријанта AY 4.2 се појави неколку пати во Обединетото Кралство. Сепак, тамошните експерти тврдат дека подваријантите на делта-сојот се ретки и се чини дека не претставуваат ист таков ризик со многу повисока инфекција како и другите соеви.
Израел во моментов размислува за олеснување на ограничувањата за туризмот поради намалувањето на бројот на новозаразени со коронавирус.
Претходниот план за отворање на границите пропадна поради зголемувањето на бројот на заразени со делта-сојот.
На крајот на август и почетокот на септември, бројот на новозаразени достигна 11 000 дневно.
Израелските власти започнаа агресивна кампања за вакцинација со трета, засилувачка доза од „Фајзер/Бионтек“, што доведе до пад на бројот на заразени.
Денеска е објавено дека има 1 487 нови случаи на инфекција во претходните 24 часа.
Во Израел 8 021 лица почина како резултат на инфекција со коронавирус, а бројот на пациенти во сериозна состојба е намален од 357 на 353.