Протестите ја зафатија Исламската Република по смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември откако таа беше уапсена поради носење „несоодветна“ облека
Иран објави дека 40 странски државјани се уапсени за нивно учество во немирите.
„Досега, 40 странски државјани се уапсени поради нивното учество во протестите“,
рече портпаролот на судството Масуд Стаиши за време на телевизиската прес-конференција, без да ја открие нивната националност.
Во септември Техеран објави дека девет Европејци биле уапсени поради нивната вмешаност во протестите.
Протестите ја зафатија Исламската Република по смртта на 22-годишната Махса Амини на 16 септември откако таа беше уапсена поради носење „несоодветна“ облека.
Техеран ги обвини странските непријатели и нивните агенти за организирање на протестите, кои ескалираа во повеќемесечен бунт низ целата земја, што претставува еден од најхрабрите предизвици за владетелите од Исламската револуција во 1979 година.
Вчера беа уапсени и две актерки откако тие јавно изразија солидарност со протестното движење во земјата и ги тргнаа своите шамии во јавноста.