Полицијата извршила осум претреси на различни локации во кои пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога
Осомничени се тројца скопјани на возраст од 20, 21 и 26 години дека вршеле неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

„Од ноември 2024 година до март 2025 година, осомничените, како и други засега непознати лица, заедно, заради продажба кај себе и на неколку локации низ Скопје, чувале опојна дрога марихуана и амфетамин во импровизирани бункери во општина Бутел“,
се вели во соопштението од ОЈО Скопје.
Полицијата извршила осум претреси на различни локации во кои пронашле над 800 грама марихуана, помало количество амфетамин и други предмети со траги од дрога.
„Со извршените вештачења на папиларни линии и ДНК материјали на пронајдената скриена наркотична дрога се потврдени траги од осомничените“,
информира скопското обвинитеелство.
Јавен обвинител до судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје за тројцата осомничени достави предлог за определување мерка притвор, поради опасност од бегство и повторување на делото.