Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани само 11 нови случаи на заразени со коронавирусот, бројка што е најмала во изминатите 35 дена, јави дописничката на МИА од Атина.
Вкупниот број на заразени кај јужниот сосед изнесува 2 235 лица.
Како што попладнево соопштија од грчкото Министерството за здравство, во изминатото деноноќие две лица го загубиле животот, а од почетокот на епидемијата во Грција има 110 смртни случаи.
Приклучени на апарати се 67 лица, а 39 пациенти биле отпуштени од Одделите за интензивна нега во грчките болници.
Во Грција изминативе денови постојано се намалува бројот на нови дијагностицирани случаи. Вчеа беа регистрирани 17, а завчера 15.