Во Основниот граѓански суд во Скопје од утре ќе продолжат сите закажани судења, согласно Одлуката за постапување на судовите во земјава, во услови на зголемена опасност од ковид-19.
„Одлуката за постапување на судовите во Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот ковид-19, донесена од страна на Судски совет е објавена на веб-страницата на судот. Странките и другите учесници во постапката се должни да ги преземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата и надлежните здравствени органи. Во спротивно, на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда“,
соопшти Основниот граѓански суд Скопје.
