Од Министерството велат дека благодарени на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучило да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добиле бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа
Двајца пациенти кај кои била извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба и веќе се пуштени на домашно лекување, соопшти денеска Министерството за здравство.

„Овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување“,
вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.
Од Министерството велат дека благодарени на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучило да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добиле бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа.
Министерството за здравство изразува огромна благодарност до сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијат.