Информациите добиени од изнудено лице се прикриваат и игнорираат, само за да не се спроведе истрага по закон, информации кои се добро познати и веќе се достапни на Европското јавно обвинителство. Ова го изјави премиерот Кирил Петков на вонреден брифинг во Советот на министри, јави БГНЕС. На брифингот присуствувал и министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.
„Се ускратуваат законските овластувања на истражните органи и се попречува активноста на секој што се обидува да работи против корупцијата кај нас. Во Бугарија нема независно обвинителство. Обвинителството повторно се однесува како адвокат кога станува збор за лица обвинети за корупција“,
кажал Петков.

Доцна синоќа, лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов, беше ослободен откако му истече 24-часовниот притвор.
Покрај Борисов, пуштени од притвор се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и владината портпаролка Севдалина Арнаудова – тројцата се осомничени за злоупотреби во користењето на европските фондови и средства. Случајот е во надлежност на европското обвинителство.
Апсењето на експремиерот и на двајца негови соработници предизвика протести пред владата во Софија.
*ПОВРЗАНО: (ВИДЕО) Поддржувачите на ГЕРБ пред бугарската влада побараа итно ослободување на Борисов