Во Бразил се потврдени уште 41 576 случаи на коронавирус, а 709 лица починале како резултат на таа инфекција, соопшти Министерството за здравство на таа земја.
Вкупниот број на заразени со вирусот во Бразил е 3,3 милиони луѓе, а 107 232 луѓе починале од почетокот на пандемијата.
Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и починати од ковид-19, веднаш зад САД.