Заклучно со денеска, во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 549 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
По региони, најмногу хоспитализирани има во Битола – 83 и во Штип – 69 пациенти.
На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид-центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 заболени. Во болницата во Струмица има 80 пациенти, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот.
Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат и дополнителни легла.
Претходно, од Министерството соопштија дека во болниците во Скопје има вкупно 433 пациенти со компликации од ковид, од кои 43 се новопримени во изминатите 24 часа.
Со тоа, вкупната бројка на лица позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во целата земја е 1 134 лица.
Во ковид-центрите има околу 100 слободни кревети.
Од Министерството за здравство потенцираат дека овие бројки сепак не се конечни бидејќи се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.