Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ внатрешноста на земјава е 1 298 и има околу 130 празни болнички кревети во ковид-центрите, велат од Министерството за здравство.
Повеќе од половина од пациентите се хоспитализирани во болниците надвор од Скопје – 824.
Ако има потреба, ковид-одделенијата дополнително ќе се прошируваат, најавуваат здравствените власти кои претходно најавија дека од следната недела ќе има прием на ковид-пациенти и на хируршките клиники во Скопје.
Од болниците во градовите од внатрешноста, најмногу пациенти кои се позитивни или суспектни на ковид има во Охрид – 110. Во Куманово 108, а во Прилеп има 107.
Во струмичката болница се лекуваат 89 пациенти, во Битола 73, во Велес 67, во Штип 56, во Гостивар 48, во Тетово 42, во Кавадарци 40, во Струга 31, во Кочани 25, во Кичево 18, а во Гевгелија 10.
Бројките се менуваат од час во час.