ВМРО-ДПМНЕ, во ново соопштение, го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека го пуштил коронавирусот од главниот град низ целата држава.
„Денешната бројка од 180 новозаразени уште еднаш докажа дека СДСМ и Филипче се целосно изгубени во справувањето со пандемијата. Додека на светско ниво бројот на заболени опаѓа, во државата расте со брзина на светлината и достигнува рекорден број на заболени. Короната од Скопје Заев и СДСМ вчера ја испратија да прошета низ цела Македонија. Институциите единствено што прават е што бројат ново заболени“,
се наведува во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
