ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на фејсбук-статусот на Зоран Заев преку кој ја појаснуваше комуникацијата со новинарите на прес-конференцијата по собраниската конститутивна седница.
Заев напиша дека нема никаква намера да влијае врз работата медиумите и новинарите. Тој додаде дека ги прифаќа забелешките на новинарската фела.
ВМРО-ДПМНЕ пак влеат дека неговата изјава не е искрена и дека етикетира медиуми и новинари.
„Јавноста сè уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес-конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите. И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.