Анкетата била направена во периодот од 17 септември до 6 октомври, теренски на примерок од 1 002 испитаници
Резултатите од анкета спроведена од ИПСОС, за потребите на ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат дека најголемата опозициска партија води пред најголемата владејачка партија, СДСМ, со четири проценти.
Анкетата била направена во периодот од 17 септември до 6 октомври, теренски на примерок од 1 002 испитаници.
На прашањето „Доколку се одржат предвремени парламентарни избори на кои би се кандидирале партии, а не коалиции за кого би гласале?“, 22 отсто од испитаниците одговориле за ВМРО-ДПМНЕ. За СДСМ би гласале 16 отсто.
Следна е ДУИ со седум отсто, потоа Левица со шест, па Алијанса за Албанците со пет отсто.
Околу еден отсто од испитаниците одговориле дека би гласале за Беса, исто како и за ДПА, за Алтернатива и други.
Неодлучни биле 14 отсто, одбиле да одговорат 16, а 10 отсто рекле дека нема да гласаат.