ВМРО-ДПМНЕ утре повторно ќе го блокира центарот на Скопје, а ќе организира и протести во 15 градови. Опозициската партија, повторно ќе бара оставка од премиерот Зоран Заев поради преговорите со Бугарија, во кои тврди дека се распродаваат државните интереси.
„Во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси. Протест сега за да не бие предоцна. Оставка на Заев, слобода на народот“,
пишува во најавата од ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како и денеска, и утре тие ќе имаат блокади во центарот на Скопје, поточно пред Владата и Министерството за надворешни работи (МНР).
Блокадите се закажани за 15 часот, а во 18 часот, пак, најавуваат протести во 15 градови: Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.