Од партијата велат дека министерот требало да си поднесе оставка уште вчера по, како што посочија, сите скандали и афери за кои тој е директно одговорен. Но, како што велат, тој премолчува и заштитува кршење на законите со што прави закана по редот и мирот во државата
По однос на овој случај, вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција изјави дека досега во МВР нема стигнато пријава што укажува дека имало макар и вербален напад врз полициските службеници од полициската станица во Арачиново и кажа дека случајот се испитува
Министерот Оливер Спасовски го релативизира со цел да го прикрие случајот со насилниците кои бркале полицајци од полициски пункт во Арачиново, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во писмено соопштение во врска со случајот за кој побараа оставка од министерот за внатрешни работи.
Од партијата велат дека, речиси по правило, кога ќе се појави скандал во полицијата, министерот Спасовски се вади на, како што велат, манипулации и шпекулации.
„Јавноста е сведок на повторување на епизодата со ‘пајакот’. Впрочем Спасовски и тогаш и сега не застана во одбрана на полициските службеници директно заштитувајќи противзаконско и насилничко однесување“,
велат од партијата.
Од партијата велат дека министерот требало да си поднесе оставка уште вчера по, како што посочија, сите скандали и афери за кои тој е директно одговорен. Но, како што велат, тој премолчува и заштитува кршење на законите со што прави закана по редот и мирот во државата.
„Ваквата дрскост на бандитите е резултат на заштитата која ја имаат во врвот на МВР. Затоа Спасовски молчи за овој скандал исто како што го забошотува и случајот со самоволието на децата на полициските функционери, исто како што молчи и за државјанството на Онишченко, исто како што го забошотуваше скандалот со 215 оригинални пасоши за белосветски мафијаши“,
додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Вчера од опозициската партија побараа оставка од министерот Спасовски за случајот во кој, како што рекоа, вооружени лица блиски до власта влегле со закани во полициско одделение во Арачиново при што четворица полицајци добиле наредба од претпоставениот да се повлечат од полицискиот пункт и од Арачиново да се повлечат во Гази Баба.
Ова, како што наведоа од ВМРО-ДПМНЕ, се случило затоа што протераните полицајци претходно сопреле лице со возило без валидни документи.
По однос на овој случај, вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција изјави дека досега во МВР нема стигнато пријава што укажува дека имало макар и вербален напад врз полициските службеници од полициската станица во Арачиново.
Тој кажа дека е пренагласено дека нападот бил оружен, но сепак, случајот се испитува и треба да се почека за да се утврди што конкретно се случило.
Освен ВМРО-ДПМНЕ која обвини за инцидентот, дел од медиумите, според неофицијални информации, објавија дека пред неколку дена полициска патрола била протерана од скопско Арачиново од вооружена група откако претходно се обидела да запре возило кое било управувано од лице што не поседувало документи.
Лицето почнало да бега, а откако патролата тргнала по него била пресретната од вооружена група по што морала да го напушти местото.