Според опозициската партија, најголем фокус не е ставен на индустријата и реалниот сектор, туку на државната администрација
Ребалансот на Буџетот е предизборен поткуп, реагираа попладнево од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако денеска на прес-конференција Владата го претстави најновото прекројување.
„Нема пари за стопанството кое едвај преживува, нема пари за земјоделците, нема пари за помош на невработените, нема пари за угостителите, за занаетчиите, но има пари за социјални трансфери кои се единствено предизборен поткуп кој ќе се плаќа повторно од сите граѓани. Планиран е буџетски дефицит од над 6%, кој ќе биде финансиран со нови и нови задолжувања, а притоа од тоа нема да има никаква корист никој освен кога се во прашање лукративните интереси на Зоран Заев. Со овој ребаланс се предвидуваат над 200 милиони евра за предизборен поткуп кој преставува грабеж на државната каса финансирана од граѓаните, а скриена во ставката субвенции и трансфери“,
рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата.
Таа ова го објасни со тоа што, како што рече, најголем фокус не е ставен на индустријата и реалниот сектор, туку на државната администрација.
Димитриеска Кочоска рече дека ВМРО-ДПМНЕ е против ваков ребаланс на Буџет.