Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва излезе со прва реакција за нон-пејперот кој беше објавен во јавноста, а за кој се тврди дека бил договорен во Берлин помеѓу Северна Македонија и Бугарија, но потоа бугарската страна се предомислила.
„Кога ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски тврдеа дека постои нон-пејпер кој Заев го договара, од власта кажуваа дека се измислици? Сега кога од австриски новинари се дознава дека не само што бил нуден туку и нон-пејпер е потпишан, предавничката неспособна влада на Заев молчи? Прашањето е од кого доби дозвола Заев да преговара и која е вистинската содржина на нон-пејперот за кој медиумите пишуваат и што сака Заев да скрие од јавноста? Дали сега ќе се извини Заев за тоа што ја лажеше јавноста?“,
пишува во кратката реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Нон-пејперот го објави австрискиот новинар и дописник на националната ТВ ОРФ за Балканот, Кристијан Вершуц, на својата фејсбук-страница попладнево.
Состанокот во Берлин на кој бил договорен нон-пејперот се одржа на 2 ноември и на него присуствуваа македонскиот министерски двоец Никола Димитров-Бујар Османи и шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева со посредство на германските министри за надворешни работи и за Европа, Хајко Мас и Михаел Рот.
Документот од Берлин, кој се смета за необврзувачки, како што пренесоа медиумите, претставува џентлменски договор меѓу двете страни во спорот и се состои од девет точки во кои се адресираат актуелните спорни точки меѓу Софија и Скопје.
Деталите прочитајте ги ТУКА.
