За да можат тука да пљачкосуваат, таму коленичат и се веднат. Затоа, сите ќе одговараат – кој за криминал, кој за велепредавство, а кој и за двете работи, им порача опозицискиот лидер на странските дипломати, додека до Софија упати порака дека „не постои такво парче хартија што ќе го почитува идната влада на ВМРО-ДПМНЕ“
Стратегијата на Заев е во играта на зборови, манипулација во која поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитет. Па ќе слушнеме дека споделена и заедничка историја било едно исто, дека јазикот ни бил од АСНОМ па наваму, односно дрво без корен, а ако некој бугарски политичар скришум потшепне Македонци, тоа било голема дипломатска победа…Дај бе човеку не си играј со нашата интелигенција, му се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од денешниот протестен собир, на премиерот Зоран Заев.

Прво со возила, а потоа во поголеми групи, приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ и денеска протстираа во центарот на Скопје, а Мицкоски, во своето обраќање, порача дека, иако Заев вели дека во преговорите со Бугарија се заштитени македонскиот идентитет и јазик, тој токму за тоа преговара и го продава.

„Кога Заев вели дека постои македонскиот јазик и дека тој бил Македонец кој говори македонски јазик, всушност, мисли дека македонскиот народ, македонската нација постојат од 1944 година. Тоа е токму позицијата на нашиот источен сосед. В тората клучна работа се се` почестите нивни фабрикувања дека немало народ по улиците, дека на овие протести немало народ, па тоа му давало легитимитет да води политики. А заборава дека е кризна состојба, дека поради неговата неспособност и неспособноста на надлежните во Министерството за здравство имаме пандемија, дека дневно губиме по 30 до 40 животи, дека дневно броиме по илјадници заразени поради неспособноста на тие кои требаше да се грижат за нашето здравје“,
рече Мицкоски.
Кога што рече тој, кога Заев ќе обвини за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да обвинува за предавство.

Мицкоски испрати и пораки до политичарите во Софија и до меѓународната заедница.
„Втората порака е до политичарите кај нашиот источен сосед. Залудно преговарате со овие домат-дипломати. Не постои такви парче хартија кое ќе го почитува идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владата на национално единство. Никогаш нема да прифатиме таков ултиматиум. Последната моја порака е до нашите пријатели, нашите сојузници во Брисел, во Париз, во Берлин, во Виена, во земјите членки на ЕУ минус една. Вам не ви треба домат дипломати кои што го распродаваат тоа кое што со крв го платиле нашите дедовци. За да можат тука да го пљачкосуваат својот народ, таму коленичат и се веднат. Затоа, кога ќе дојде денот, сите ќе одговараат. Од прв до последен, која за криминал кој, за велепредавство, а кој и за двете работи“
рече Мицкоски на денешните протести.