Опозициската партија реагира откако Артан Груби рече дека парламентарното мнозинство ќе расте и ќе опстои за да се се спроведе програмата што ја подржаа граѓаните на парламентарните избори во 2020 година
ВМРО-ДПМНЕ се јави со реакција по денешната изјава на првиот вицепремиер Артан Груби, кој најави проширување на парламентарното мнозинство и приклучување на повеќе пратеници со, како што рече, евроатлантска ориентација. Тој, исто така, рече дека ДУИ има контакти со сите дриги партии, освен со Левица, со која не ни планира да контактира.
„ДУИ и СДСМ се власт пет години и секоја година сме се подалеку од ЕУ. Груби да престане да глуми Европеец и лажно да се прикажува за некаков фактор, затоа што едининствено што претставува е портпарол на мафијата на власт и слуга на криминалните интереси поради кои народот на Македонија глава не може да крене. Со Артан Груби и ДУИ може само да биде киднапиран пратеник, а не и да се интегрираме во ЕУ. Кога Артан Груби зборува за европски вредности, Европа ја боли глава. И друг пат кога ќе говори на кого каде му било срцето, знаеме дека срцето на Артан лежи на куфер украдени пари,“
се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.