Во вторникот медиуми објавија дека за време на продолжениот викенд крадци упаднале во домот на поранешниот потпретседател на СДСМ и актуелен пратеник Фатмир Битиќи. Тој ја потврди информацијата, но не изнесе детали за тоа што било украдено
Дали во СДСM е пракса или насока и стил на функционирање изнесувањето на класифицирани документи од институциите и дали подоцна истите тие документи им служат за уцени и злоупотреби, прашаа денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Самиот Фатмир Битиќи, во изјава за медиуми, во врска со грабежот во неговиот дом кажа дека му е одземена папка со класифицирани документи. Битиќи да одговори на јавноста за какви класифицирани документи станува збор, како се нашле во неговиот домашен сеф, поради кои причини ги поседува и за што би му послужиле истите? Дали поседува сертификат, бидејќи класифицирани документи добиени од кој и да е орган не можат да поседуваат лица без безбедносен сертификат. Битиќи да одговори дали станува збор за содржина од највисока државна тајна? Дали евентуалното изнесување на тие информации би ја загрозиле безбедноста на државата и институциите на системот?“,
стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму го повикаа Битиќи да ги извести државните органи за каков вид информации станува збор.
„Битиќи не смеел такви документи да поседува во својот домашен сеф. Колку закони прекршил Битиќи? Го повикуваме ЈО да поведе постапка и да го истражи случајот со украдените документи. Одговорност мора да има“,
порачаа од владејачката партија.
Во вторникот медиуми објавија дека за време на продолжениот викенд крадци упаднале во домот на поранешниот потпретседател на СДСМ и актуелен пратеник Фатмир Битиќи. Тој ја потврди информацијата, но не изнесе детали за тоа што било украдено.