Не е работата опозицијата да биде спокојна, туку да нема фалсификат каков што спрема Заев, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ, откако премиерот рече дека се прават напори предлозите на опозицијата што се однесуваат на законот за попис да бидат прифатени, потенцирајќи дека опозициските партии во овој процес биле вклучени повеќе од една и пол година.
ВМРО-ДПМНЕ повторно порача дека нема да поддржи попис бидејќи како што велат, според начинот на кој СДСМ планира да го одржи ќе излезат нереален број на жители, односно ќе можат да се избројат дури и 3 милиони.
„Заев да намали со нервозата, кога прави штетни работи за државата нормално е дека ќе буде фатен. Не е работата опозицијата да биде спокојна, туку да нема фалсификат каков што спрема Заев. Заев сака да спроведе попис без поширока консултација на јавноста и без да ги прифати предлозите на опозицијата. Според начинот на Заев Македонија ќе преброи 3 милиона жители. Без примена на терминали за отисок од прст не може да се утврди реалната слика. Пописот е есенцијална статистичка операција и е важен за државата Заев не смее да го спроведува на принципот на талибански избори, како што тераше до сега. Талибански попис ВМРО-ДПМНЕ нема да признае“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.