Функционерите на власта секој месец книжат шестцифрени приходи. Кој се богати додека народот страда?, велат од опозициската партија во најавата
По „Броило“ и „Тајни имоти“, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавува дека в понеделник ќе објави нова афера која ја нарекува „Паразити“.
„Народот едвај врзува крај со крај. Поголемиот број од пензиите не се ниту една третина од потрошувачката кошничка. Две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, а функционерите на власта секој месец книжат шестцифрени приходи. Кој се богати додека народот страда? Кои се ’паразитите‘ на општеството?“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ во најавата за аферата.
Според соопштението, тие ќе објавуваат функционери кои имаат преголеми примања од кои не ја ни чувствуваат кризата, додека од друга страна, како што велат, платите на народот ги јаде инфлација.