Од ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија позитивната одлука на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија, но се во исчекување на датумот за првата меѓувладина конференција со земјите членки на ЕУ.
„Европските определби се наша стратегиска ориентација и претставуваат одлука темелена на заедничките напори на владите од потпишувањето на Спогодба за стабилизација и асоцијација од 2001 година досега, како и последователните 10 позитивни извештаи на Европската комисија. Како што се посочува и од самата Унија, потребно е да се исполнат голем број реформи, особено во правосудството, борба против корупцијата, економијата и заштита на стандардот на граѓаните“,
стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, добра вест за граѓаните ќе било што „после следните парламентарни избори владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно ќе ги спроведе преговорите и на брза лента ќе ја внесе државата во ЕУ“.
„Зоран Заев и СДСМ ја понижија, омаловажија и опустошија Македонија, доаѓа времето кога ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе ги направи граѓаните и Македонија горди“,
додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.