Опозициската партија тврди дека граѓаните, со зголемената излезност на денешниот изборен ден, всушност, ја казнуваат власта на СДСМ која ја обвинија за одговорна за, како што соопштија, низа нерегуларности и притисоци
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека верува дека победува по денешниот изборен ден, за која оцени дека минал во низа нерегуларности и притисоци.
„Власта на Зоран Заев го покажа своето недемократско лице. Видовме како изгледа власт која паѓа и ги злоупотребува сите државни ‘полуги’ само за да остане на власт. Ваква брутална, несмасна злоупотреба на државни ресурси за партиски цели досега е незапаметена. Изборниот процес помина во низа нерегуларности. Вчера беше забележан поткуп на гласачи и ширење пропаганда од функционери на СДСМ. Имаме информации за поткуп и притисоци во Кочани, радовиш, Ново Село, Скопје, Македонска Каменица. Денеска беше спречена новинарска екипа да информира од избирачко место, а стигна и информација за физички напад во Бојане врз набљудувач“,
изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Таа рече дека партијата ќе ги искористи сите правни средства и дека ги информирале претставниците на меѓународната заедница.
Митева изјави дека е рано да се објавуваат резултати, но дека партијата верува во победа.