СДСМ не направи ништо да ги заштити граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ во однос на листата на „Форбс“ за најбезбедни земји во време на пандемијата на која ние се наоѓаме на 103. место.
„Неспособноста на СДСМ и Филипче се согледа. ’Форбс‘ ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на коронавирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас, повисоко на оваа листа, како побезбедни, се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија. За ова СДСМ ќе одговара бидејќи со нивното доаѓање на власт донесоа само хибриден режим, криминал и сиромаштија“,
велат од опозициската партија.
Тие ги обвинуваат социјалдемократите дека единствено се грижат за политичката кариера на Зоран Заев и во ек на пандемија бараат избори без да размислуваат за здравјето.