Мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо.
„Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош. Неделувањето на власта веќе остави над 20 отсто од вработените во државата без работа. Доколку нема суштинска помош за бизнисот ќе следи економска катаклизма со масовни отпуштања и затворања на фирми“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, бројот на заразени лекари се должи на тоа што се оставени да се борат без доволна заштитна опрема.