Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, води во трката за градоначалник пред кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски.
Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 25,29% од гласовите, Коњановски има 52,59% од гласовите додека за Кондовски гласале 43,73%. Или, во апсолутни бројки, за Коњановски гласале 5 332 гласачи, а за Кондовски 4 433.