ВМРО-ДПМНЕ освен оставка бара директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска да понесе одговорност и за сторено кривично дело.
„Според член 205 и 206, каде што во членот 206 став 1 – тој што за време на епидемија на некоја опасна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со казна затвор од една година“, вели Дафина Стојаноска,
член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека оние кои треба да ги заштитат граѓаните од ширење на корона вирусот се негов главен извозник. Стравуваат дека ова може да биде почеток на целосен колапс на здравствениот систем.
„Ако падне Клинички центар „Мајка Тереза“, паѓа целиот здравствен систем. Граѓаните ќе останат без заштита. Жариштето се шири. Освен Клиниката за кожни болести, под надзор е и Клиниката за стоматологија, каде се проверуваат вработените поради јавен случај за кој постои сомневање дека е заболен од корона вирусот“,
вели Стојановска.