Ахмети им порача на лидерите на ВЛЕН нивната коалиција да ги напушти институциите и во октомври, заедно со локалните, да се одржат и предвремени парламентарни избори
ВЛЕН – владејачката коалиција на партиите на Албанците, се сомнева дека ДУИ прави терен за, како што велат, уште едно политичко предавство на сопствениот народ – да ги бојкотират претстојните избори.
„Откако видоа дека Албанците веќе не паѓаат на нивните хистерични лаги и лажни вести, откако се разоблија со коруптивни афери и црни листи, ДУИ заигрува на последната карта! Тие веќе немаат моќ да ги изманипулираат луѓето со измислената приказна за ‘деалбанизација’ и сега се подготвени да направат уште едно политичко предавство на сопствениот народ – да бојкотираат избори и да се обидат на денот на гласањето да испровоцираат тензии“, велат од ВЛЕН.
Според ВЛЕН, ДУИ знае дека има само еден начин за да не прокнижи уште еден пораз на нивното салдо, а тоа е политичка криза.
„Но сега сè е јасно и нема дилема! Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го тврдиме. Иницијативата за Законот за употреба на албанскиот јазик пред Уставниот суд е кукавичкото јајце на ДУИ, со кое сака политички да профитира предизвикувајќи штета на ВЛЕН. Ахмети веќе нема избор. Нивните анкети им ја потврдуваат суровата вистина – Албанците веќе не сакаат да ги гласаат! Авторитетот на Али Ахмети е разниша бидејќи од командант на УЧК се претвори во заложник на Артан Груби“, соопштуваат од ВЛЕН.
Оттаму додават дека ДУИ може да бега од изборите, но не може да избега од судот на народот. Овој пат казната ќе била жестока – ВЛЕН тврди дека ќе ја испрати ДУИ во политичка историја.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера од Чаир на средбата со симпатизерите на партијата ги повика првите луѓе на ВЛЕН да ги напуштат државните институци, дека ДУИ нема да прифати да биде дел од оваа влада и дека само ќе прифати вонредни избори во пакет со локалните избори во октомври.