Заедничките гранични премини беа најавени по лидерски состанок во Тирана во декември 2019, на кој меѓу учесниците беа и премиерите Зоран Заев и Еди Рама
Најавените заеднички гранични премини помеѓу Северна Македонија и Албанија влегоа во предлог-закон, кој Владата го утврдила на денешната заедничка седница.
Станува збор за предлог-закон за ратификација на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување заеднички премини според концептот на заеднички гранични контроли.

„Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин. Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин води кон забрзување и поедноставување на протокот на граничните премини“,
соопштија од Владата.
Заедничките гранични премини беа најавени по лидерски состанок во Тирана во декември 2019, на кој меѓу учесниците беа и премиерите Зоран Заев и Еди Рама.
Ваков концепт на заеднички гранични контроли Северна Македонија веќе воспостави со Србија на преминот Табановце.
