Од Владата сметаат дека двата настани претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи веднаш да го испита случајот со одржувањето на вчерашната литија во Струга, како и прославата организирана од МВР по повод Денот на полицијата, кои претставуваат сериозно непочитување и прекршување на воведените забрани од страна на Владата, да утврди одговорност и да се преземат соодветни мерки кон одговорните лица и за истото да ја информира Владата, одлучено е на денешната владина седница.
*Поврзана вест
Во соопштението од прес-служба, Владата го осуди и вербалниот напад врз новинарот на ТВ Клан на настанот на кој се одбележуваше Денот на полицијата и побара да се поведе постапка за утврдување одговорност за ваквото однесување и да се санкционират сторителите.
(ВИДЕО) Димна бомба заврши на трибините кај дипломатите – одбележан Денот на полицијата
*Поврзани вести
Пендаровски до МПЦ и ИВЗ: Очекувам повик за одговорно однесување на верниците
Обвинителството отвори предмет за вчерашната масовна литија во Струга
Влада: Бараме и очекуваме МПЦ и ИВЗ да не организираат собири
Спасовски: МВР и обвинителството да ги испитаат сите аспекти за литијата во Струга