Според новите одлуки на Владата, се укинува мерката за задолжително носење маски во затворени простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување стари лица и лица со посебни потреби
Воедно, според одлуката, учениците од средните училишта можат да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски
На денешната седница Владата ги усвои новите ковид-мерки со кои, меѓу другото, се укинува задолжителното носење маски во затворен простор, а усвоена е и одлуката со која средношколците нема да мора да носат заштитни маски во училиште.
За ова на својот фејсбук-профил информираше првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Според новите одлуки на Владата, се укинува мерката за задолжително носење маски во затворени простории, освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.
Воедно, според одлуката, учениците во средните училишта можат да следат настава со физичко присуство без задолжително носење заштитни маски.
Се укинува и забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.
Откако пред околу две недели Владата по претходна препорака на Комисијата за заразни болести одлучи да ги укине маските во основните училишта, Комисијата препорача и укинување на маските и за средношколците.
Ослуката за укинување на маските за средношколците денеска претпладне беше прифатена и од Главниот координативен кризен штаб, по што Владата ја усвои.