Премиерот Зоран Заев соопшти дека Владата предмалку го прифатила предлогот од Комисијата за заразни болести и одлучила граничните премини со Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да се отворат без потреба да се приложува негативен ПЦР-тест за ковид-19.
Договорено е овие земји да не бараат негативен тест ниту на нашите државјани кои патуваат таму.
Одлуката стапува во сила од понеделник – 12 октомври.
„Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелира патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од ковид-19“,
вели Заев.
