Прво треба да се изготви листа на локации каде оваа услуга ќе биде достапна
Постапката за бесплатен државен интернет на сите јавни површини низ земјава започна денеска со усвојување на оваа информација на редовната владина седница.
Како што информира владината прес-служба, за реализација на оваа програма Владата утврди препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје како носител на реализацијата на проектот да подготви листа на локации каде ќе има безжичен бесплатен интернет.
„До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен „Ви-Фи“ на одобрените локации од интерес за туристите“,
информираат од Владата.