Длабока Река во националниот парк Маврово ќе се номинира за Прелиминарната листа на УНЕСКО, одлучи Владата на денешната седница.
Прелиминарна листа на УНЕСКО е инструмент кој е дел од процедурата за номинацијата на Списокот за светско наследно.
„Локалитетот Длабока Река како дел од националниот парк Маврово, поседува исклучителни природни вредности претставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со речиси никаква интервенција на човекот во последните 100 години. Локалитетот Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност со присуство на многубројни ендемични растителни и животински видови, кој се наоѓа во зоната за строга заштита на националниот парк Маврово и во неа се дозволени само научно-истражувачки активности“, објаснуваат од Владата.