Главната цел на оваа Стратегија, како што информираа владините портпароли, е постигнување безбедни и отворени граници за брз и безбеден проток на патници и стоки и за ефикасно сузбивање на илегалните прекугранични активности до ниво кое нема да претставува закана за граничната безбедност и за сигурноста на граѓаните
На 19-ата по ред владина седница која се одржа денеска, Владата ја донесе Национална стратегија за интегрирано гранично управување 2021 – 2025 година, со Акциски план за имплементација 2022 – 2025 година.
„Главната цел на оваа Стратегија е постигнување безбедни и отворени граници за брз и безбеден проток на патници и стоки и за ефикасно сузбивање на илегалните прекугранични активности до ниво кое нема да претставува закана за граничната безбедност и за сигурноста на граѓаните“,
информираа владините портпароли на денешната прес-конференција.
Како што соопшти владината прес-служба, Националната стратегија за интегрирано гранично управување и Акцискиот план се усогласени со постоечката национална стратешка рамка и основните стратешки документи, со акцент на Програмата за работа на Владата 2021-2024 и се во функција на исполнување на планираните активности во рамки на процесот на пристапување кон ЕУ.