Комисијата за заразни болести предлага по првомајските празници олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во земјава по првомајските празници, кои предвидуваат забрана за движење од 19 часот и до 5 часот следниот ден, лицата на возраст од 67 години да можат да се движат надвор од 5 часот наутро до 12 часот попладне, додека младите до 18 години од 13 до 19 часот.
За ова денеска ќе расправа Владата на седница, најави премиерот Оливер Спасовски во интервју за „Утрински брифинг“.
Вчера предлозите биле разгледани од Главниот штаб. Тие се предложени, како што објасни Спасовски, имајќи предвид неколку параметри, како бројот на новозаболени, бројот на излекувани, старосната група структура на оние кои се носители на болеста.
„Овие одлуки што ќе се донесат на Влада апсолутно не се детерминирани ниту од какви било верски празници ниту од какви било залагања на еден или на друг. Ако ги носевме мерките само заради тоа што некој предложил да се носи таква мерка или само заради тоа што им се допаѓа на одредена група на луѓе, тогаш тоа не се сериозни мерки што ќе дадат резултати“,
рече Спасовски.
Намалувањето на рестриктивните мерки, истакна тој, не значи опуштање и неодговорно однесување кон себе, и кон семејството и кон останатите граѓани, туку почитување на мерките.
Двете најважни работи коишто се константа во сите мерки во сите држави, истакна Спасовски, се физичката и социјалната дистанца, да одржуваме растојание минимум од два метри и да се носи заштита опрема.