Владата ги демантира објавите за тоа дека наводно се разговарало за промена на знамето, грбот или химната на државата. Оттаму велат дека ниту во Владата, ниту со премиерот Зоран Заев, ниту пак во владејачката СДСМ не се разговарало за некакви промени на знамето, грбот или химната.
Демантот доаѓа по интервјуто на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за Тв Клан чии то изјави на одредените портали беа пренесени дека наводно се разговарало за промена на државните симболи.
„Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата“,
велат од Владата за МИА.
Тие додаваат дека во изјавата на Ахмети не забележале дека тој рекол дека наводно било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта.
„Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат“,
велат од Владата.