Владата дала насока до Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) да се разгледа можноста во јавните огласи за набавка на службени возила, во одреден процент, да се вклучат еколошки возила.
Ова го соопшти премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање при пуштање во употреба на спортска сала во основно училиште во Волково.
„Постојано го намалуваме и ќе го намалуваме бројот и дадовме инструкција на објавениот тендер на СОЗР да се види дали може 20, 30, 50 отсто да се вклучат во набавката електрични или еколошки возила, а инструкциите дадени до сите институции се да не набавуваат ако не мораат и да преминат на еколошките транспортни средства. Секако, индивидуално може секој да користи велосипед, електричен тротинет, секако да го користиме јавниот превоз, а онаму каде што мора како за инспекторатите, болнички возила да се набавуваат модерни еколошки возила, вклучително електрични каде што ќе одиме со 0 проценти царини, данок, па дури и хибридните, за да можеме да одиме во духот на заштита на животната средина и секако Владата да биде пример“,
изјави премиерот Заев.
