На денешната владина седница, Министерството за финансии доби задача да понуди решенија за справување со нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет, соопштија од Владата.
Министерството треба да подготви предлог-решенија како да се спречи одлевањето пари од македонските граѓани при противзаконското учество во странски интернет-игри на среќа, како да се спречи пристапот до интернет-страниците кои немаат соодветна лиценца според нашето законодавноста и како да се следат паричните приливи кои ги добиваат граѓаните на оваа основа.
На денешната седница беше усвоен и третиот пакет економски мерки, кој на прес-конференција го презентираше премиерот Оливер Спасовски.
