До крајот на годината, додаваат од Владата, се очекува доставувањето на клучните документи кои се обврска од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во членство во ЕУ усвоена на 19 јули 2022 година, имено, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците
Во Брисел вчера заврши последниот Билатерален состанок од Поглавјето 31 во рамки на Кластерот 6, во Европската комисија, кој започна на 15 септември 2022 година, информираат од Владата.
„На објаснувачките и билтералните скрининг состаноци учествуваа околу 1 000 претставници на над 200 различни институции, а беа подготвени 850 динамични презентации, што е доказ за колективната посветеност на администрацијата и граѓаните за членство во ЕУ. Со тоа е поставена солидна основа за продолжување на идните реформи, што ќе помогнат Северна Македонија што поскоро да стане полноправна членка на ЕУ. Процесот на скрининг се одвиваше според утврдената динамика“,
соопштија од владината пес-служба.
Од првата меѓувладина конференција на 19 јули 2022 година кога официјално започнаа преговорите со ЕУ, се одвиваа ажурирањата на објаснувачките скрининзи за европското законодавство од 2019 година и билатералните скрининзи за сите 33 поглавја поделени во шест кластери: Темели, Внатрешен пазар, Конкурентност и инклузивен раст, Зелена агенда и одржлива поврзаност, Ресурси, земјоделство и кохезија и Надворешни односи.
До крајот на годината, додаваат од Владата, се очекува доставувањето на клучните документи кои се обврска од Преговарачката рамка за пристапување на Република Северна Македонија во членство во ЕУ усвоена на 19 јули 2022 година, имено, Патоказот за владеење на правото, Патоказот за реформа на јавната администрација, како и Акцискиот план за заштита и унапредување на правата на припадниците на малцинствата и заедниците.
„Во текот на скринингот, сите институции посветено и одговорно дадоа огромен придонес за успешниот исход од овој процес, заедно со нашите најважни партнери, преставниците на Европската комисија. Благодарејќи на помошта и поддршката на преставниците на Европската Комисија, се постави здрава, цврста основа за понатамошно успешно спроведување на реформските процеси и усогласување со европските стандарди кои ќе значат и наше полноправно членство во ЕУ. Патот за успешна евроинтеграција на Северна Македонија е трасиран и не смее да се дозволи попречување на процесите, бидејќи тоа само ќе значи оддалечување на државата од ЕУ“,
соопштија од Владата.
Со завршувањето на скринингот, од Република Северна Македонија се очекува да се преземат сите неопходни чекори за да се продолжи со динамиката на преговорите со ЕУ.
Прифаќањето на уставните измени останува единствен предуслов за да продолжиме напред, децидни се од Владата и затоа, нагласуваат оттаму, од пресудно значење е сите политички актери во земјата да покажат зрелост и да одлучат за општото добро и за просперитетна иднина на нашата држава како членка на ЕУ.