Владата попладнево информираше дека ја прифатила препораката на Комисијата за заразни болести и на државјаните на Косово кои транзитираат низ земјава ќе им се бара негативен ПЦР-тест.
„На оваа своја седница Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести согласно која сите патници, државјани на Косово, коишто поминуваат низ Република Северна Македонија, треба задолжително да приложат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа“,
соопштија од Владата.
Комисијата ја даде препораката на 19 август откако претходно имаше неколку летови од Скопје до Финска во кои имаше позитивни патници со косовски пасош.