Денешните заклочоци се всушност дополнувања на оние кои Владата ги усвои пред два дена во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут
Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за потребите на Државниот пазарен инспекторат. Ваква одлука донесе Владата на денешната седница, во врска со случајот дека во земјава се увезувало токсично масло како мазут.
Со уште еден заклучок се задолжени и Царинската управа и Бирото за метрологија, за потребите на Државниот пазарен инспекторат, по барање на Државниот пазарен инспекторат, да спроведат постапка за земање примероци за анализа и анализа на мазут, согласно Правилникот за квалитет на течни горива и да ги достават на испитување до акредитирана лабораторија.
Денешните заклочоци се всушност дополнувања на оние кои Владата ги усвои пред два дена во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут.
Во вторникот беа разгледаи извештаите поднесени од страна на надлежните институции, поврзани со информациите за случајот со увоз на нафтени деривати и донесена беше одлука дека е неопходно за одредени наоди, дел од надлежните институции да достават дополнителни информации во рок од седум дена.