Вкупната бројка на пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 595 и има околу 450 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 11 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 252 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 24 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 25 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 50 пациенти, во Прилеп 17 во ковид-центарот во Гостивар 16, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 19 пациент, во Кочани 2 во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и сомнителни на коронавирусот.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.