Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судот поднесе предлози за издавање казни против 24 лица кои не го почитувале полицискиот час. За секој од нив се бара казна од по 2 000 евра или вкупно 48 000 евра.
„ Обвинетите, во различни настани, во периодот од 25 до 29 март, не постапиле според прописите и наредбите за спречување на заразната болест Ковид-19. Не ја почитувале забраната и посебениот режим на движење односно биле затекнати надвор од нивните домови без да поседуваат дозвола за движење“,
велат од Јавното обвинителство.
Со ова, сите се теретат за кривичното дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.